Малолетник од с.Просениково под осомнение дека сторил тешка кражба

Како што пишува во дневниот билтен на Министерството за внатрешни работи, СВР Струмица поднесе кривична пријава против единаесетгодишник од с.Просениково поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“. Пријавениот во куќа на неговиот чичко во с.Просениково, кој е на привремена работа во Германија, насилно влегол и извршил претурање,, но не одземал ништо. Подоцна и кажал на неговата мајка дека кај чичко му на катот има вклучено светилка, по што истата пријавила во СВР Струмица. Од страна на СВР Струмица било утврдено дека малолетникот бил забележен на терасата во времето на извршувањето на кривичното дело.полиција

Comments are closed.