Значајна победа за Турново против Шкупи

Значајна победа за Турново на домашен терен против Шкупи, Турновци победија минимално со 1:0 и освоја значајни три бода со што остануваат и понатаму на шестото место на табелата со 30 бода.

Единствениот погодок за домаќините го постигна Тимов во 50. минута од натпреварот.

На останатите натпревари беа постигнати следните резултати: Брегалница 4:1 Металург, Ренова 3:0 Царев Двор, Шкендија 3:1 Силекс, Вардар 1:0 Работнички.

По 25. одиграни кола состојбата на табелата е следна: Шампионот Вардар и понатаму е на лидерската позиција со 64 бодови, второпласирана е Шкендија со 59 освоени бодови, додека на третото место е Силекс со 37 бодови.

PMFL - 25 kolo tabela

На долниот дел од табелата немаме промени. Металург и понатаму е на дното од табелата со 13 освоени бодови, Царев Двор е деветото место со 16 бодови, на осмата позиција е тимот на Ренова со 28 бодови.

Двојките за следното 26. коло кое што е закажано за 10. Април се следниве: Металург – Царев Двор, Работнички – Турново, Шкендија – Ренова, Шкупи – Брегалница и Силекс – Вардар.

 

Comments are closed.