Учениците од основното општинско училиште „Маршал Тито“ од Струмица реализираа истражувачка екскурзија во Банско

Во рамките на проектот „Јакнење на мултиетничката соработка во општините“, финансиран од Детската Фондација Песталоци, а во имплементација на Македонскиот центар за граѓанско образование и општина Струмица како партнер во овој проект, учениците и наставниците од основното општинско училиште „Маршал Тито“ од Струмица реализираа еднодневна истражувачка екскурзија во селото Банско, проектна активност произлезена од нивниот акционен план.6

Во рамките на истражувачката екскурзија беше извршена посета на историските локалитети од римскиот период, џамијата, црквата, подрачното училиште со ученици во мешан етнички состав и пошироката околина на селото Банско.

Дружењето на учениците, низ песна и игра, цртање на околината, поврзано со разговори со локалното население, со оџата од џамијата и попот од црквата „Св. Четириесет Севастополски маченици“, придонесоа планираната активност да добие своја заокружена целина, на општо задоволство на сите ученици и наставници.4

Општина Струмица активно ги поддржува сите наставни и воннаставни активности поврзани со проектите кои произлегуваат од меѓуетничката соработка во образованието, со цел да се исполнат планираните активности од годишните програми за зајакнување на соработката на училиштата со локалната заедница и општината.

 1

Comments are closed.