Турново денес го пречекува Шкупи

Екипата на Турново е домаќин на Шкупи во натпревар од 25. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Турновци во овој дуел влегуваат со надеж за победа и освојување на трите посакувани бодови со што ќе ја задржат предноста на шестото место на табелата.

11951337_125258644495136_4947358736672962477_n

Натпреварот се игра денес на стадионот „Кукуш“ во Турново.

Останатите двојки за 25. коло се: Брегалница – Металург, Ренова – Царев Двор, Шкендија – Силекс, и дуелот Вардар – Работнички.

 

Comments are closed.