ЈПЕД ,,Струмица – Гас’’ ја намали цената на природниот гас

Согласно утврдената методологија и кварталното утврдување на цена, ЈПЕД ,,Струмица – Гас’’ Струмица од 1-ви април ги намали цените на природниот гас за 11% со што природниот гас дефинитивно е најефтин енергенс.strumicagas_300_3 Имајќи го во предвид намалувањето кое се изврши во месец октомври мината година, цената на гасот споредена со минатогодишната грејна сезона е намалена за вкупно 30%.
ЈПЕД ,,Струмица – Гас’’ апелира до сите заинтересирани физички и правни лица навремено да поднесат барање за нови приклучоци како би можеле да ги реализираме во периодот што следува.

Comments are closed.