Напредок З. Радово ја победи Беласица

Екипата на Напредок Здравје Радово забележа победа со 1:3 во дуелот со Беласица. На средбата од 15. коло во Третата лига – Исток, одиграна во неделата, до победа Напредок Здравје Радово стигна со погодоците на Александар Марков (9. и 20. минута) и Јани Марков (30. минута). Единствениот гол за Беласица го постигна Никола Коцев (10. минута).

12936590_852499904877315_105408266427640911_n

Фото: ФК Напредок Здравје Радово

На останатите натпревари беа постигнати следниве резултати: Академија Пандев 4:0 Брегалница Голак, Каменица Саса 1:3 Работник Џумајлија, Баби 2:0 Овче Поле, Плачковица 8:0 Карбинци, Слога 1:0 Осогово.

Табела: Академија Пандев 41 бод, Плачковица – 39, Беласица – 29, Овче Поле – 26, Брегалница Голак – 22, Работник Џумајлија – 22, Напредок Здравје Радово – 21…..

Comments are closed.