Струмичките пожарникари интервенирале 9 пати во минатата недела

Струмичките пожарникари имале 9 интервенции во градот и населените места во периодот од 28 март до 3 април.
fire-12-1-640x406

Во овој период, струмичките пожарникари учествувале во гаснење нагаснење на опожарена површина – сува трева и трска нa патен правец с.Банско-с. Габрово, превентивно делувале на потенцијално опожарување на трансформатор во с. Василево, гаснеле опожарен дел од индивидуална семејна куќа во с. Габрово. Исто така, на три локации во градот се интервенирало во гаснење на запален отпадем материјал, а технички се интервенирало во дотур на техничка вода и отварање на заклучен стан.

Со брзата и навремена интервенција на ТППЕ – Струмица спречени се штети од поголем размер.

Comments are closed.