„Порака во сино“ од градоначалникот Зоран Заев

По повод 2. април – Светскиот ден на аутизмот, упатувам порака до сите чинители на нашата заедница, да ги ползуваат своите човечки особености и вредности, во функција на вклучување на лицата со аутизам во нормалните текови на живеење. Тие лица имаат еднакви права со сите нас и како такви заслужуваат рамноправен третман од сите поединци и институции во нашата општина.12294685_963806790339418_2305533952775696987_n

Со целосно разбирање за нив и нивниот „свет” во кој живеат, соовозможување соодветно воспитување и образование и со излегување во пресрет на сите нивни барања и потреби, ќе сториме многу за нив.

Струмица како прва Општина во државата која со конкретни проекти им подаде рака за помош на децата со аутизам и понатаму продолжува да биде верна на своите заложби за нивен подобар живот.

Дајте го својот придонес во активното одбележување на овој ден, но бидете на страната на лицата со аутизам, 365 дена во годината.

Comments are closed.