Општина Струмица го одбележа светскиот ден на аутизмот

„Аутизам – тоа не е збор за плашење, туку дете за сакање“, „Дали треба да бидам третиран?! Да!!! Со третман на почит“, ова се само дел од пораките кои денеска беа упатени до пошироката јавност од децата со аутизам во специјалните паралелки на основното општинско училиште „Сандо Масев“, нивните наставници, родители, претседателот на Советот на општина Струмица, Јосиф Христов и членови на истиот. Покрај пораките се бојадисуваше и фасадата на градинката со сина боја затоа што таа е омилена боја на лицата со аутизам, а целиот настан беше по повод 2-ри април Светскиот ден на аутизмот.DSC_3594

Во поглед на грижата за децата со аутизам и нивното воспитување и образование, општина Струмица го држи приматот и „пионерската“ улога во Република Македонија. Таа е прва во државава која отвори паралелки за деца со аутизам, а таквите ангажмани продолжуваат во континуитет, од година во година. Според Јосиф Христов претседател на Советот на општина Струмица, дека таквиот  ангажман   на Општина Струмица и градоначалникот Зоран Заев продолжува и понатаму, сведочат и обезбедените општински  буџетски средства за проектот „Сензорска соба“ за потребата на децата со аутизам.DSC_3585

– Во пресрет на утрешниот ден – 2. април, Светскиот ден на аутизмот, сакам од името на градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев, и од мое лично име, да ве поздравам сите Вас и да  ја поздравам денешната активност со која се одбележува овој значаен ден. Боењето на фасадата во сина боја, е нешто што има дведимензионално значење. Од една страна, сината боја е меѓународно прифатена боја за лицата со аутизам, а од друга страна, сакаме да привлечеме вниманиет на сите лица кон децата со аутизам. Тие се наше секојдневие, тие се околу нас. Нивниот број секојдевно расте и затоа треба да ги прифатиме во системот. Еден од начините за прифаќање е да им обезбедиме школување на тие деца. Општина Струмица е првата општина која што отвори паралелка за децата со аутизам, тоа е направено уште во учебната 2006/2007 година и од тогаш децата со аутизам се вклучени во образовниот процес. На овие деца треба да им се обезбеди и вклучување во средното образование и да се вклучат во процесот на вработување, бидејќи само 10 посто од лицата со аутизам работат и таа бројка треба да се поправи. Сакам да напоменам дека општина Струмица и градоначалникот Зоран Заев постојано вложуваат напори за што подобро да тече образовниот процес и овие објекти да бидат поопремени. Градоначалникот Заев и и општина Струмица издвоија средства од буџетот за отворање на Сензорска соба која име потребна на децата со аутизам во основното образование. И за крај мојата порака, ако треба сите фасади ќе ги бојадисаме во сино, само да знаат лицата со аутизам дека не се сами, рече Христов.DSC_3583

Спасе Додевски, дефектолог во ООУ „Сандо Масев“, нагласи дека секоја година го одбележуваат овој ден за потсетување на сите дека и овие лица со аутизам постојат во нашето општество, во нашата заедница и во нашето семејство. Тој се заблагодари на градоначалникот Зоран Заев и на Советот на Општина Струмица за континуираната поддршка на децата со аутизам и за модернизирање на нивниот образовен процес.DSC_3531

Comments are closed.