Проекција на четири филмови во НУЦК ,,Антон Панов”

Утревечер во НУЦК „Антон Панов” – Струмица, со почеток во 19,30 час. ќе биде одржана филмска проекција со четири интересни филмски остварувања.
Plakat Vanja-001Струмичката публика ќе има прилика промотивно да го види новиот македонски документарен филм ВАЊА – СО МАКИ СУМ СЕ РОДИЛА во режија на Синиша Ефтимов, а во продукција на Медиа Бродкастинг.
Ова е документарец за животот и кариерата на една од најголемите женски изведувачи на македонски традиционални песни. Филмот е приказ на нејзиниот актуелен старечки живот, испреплетен со нејзината шеесетгодишна кариера. Сочинет е од изјави на живите сведоци на нејзината долга кариера, архивски снимки и ретки фотографии. Филмот на некој начин ги обединува нејзините ѕвездени мигови од животот. На залезот на животот на Вања Лазарова, нејзина постојана преокупација и понатаму е песната. Таа секојдневно пее, исполнувајќи ги долгите пензионерски денови со убавината на македонскиот мелос…
Истата вечер ќе бидат прикажани и три кратки играни филмови на еминентните  француски автори Албер Ламорис и Едмон Сешан: БЕЛАТА ГРИВА (1953), ЦРВЕНИОТ БАЛОН (1956) и ЕДНООКИТЕ СЕ КРАЛЕВИ (1974).

Comments are closed.