Трета лига – Исток: Преглед на 14. коло

Академија Пандев во дерби натпреварот со Беласица со убедливи 3:0 го совлада тимот од Струмица на стадинот „Кукуш“ во Турново во рамките на 14. коло. Стрелци на погодоците беа Зоран Златковски, Љупчо Дориев и Валентин Кочоски.

На натпреварот помеѓу Овче Поле и Плачковица победник немаше, натпреварот заврши 1:1, со што сега тимот од Радовиш има негатива од 2 бода во однос на првопласираниот тим Академија Пандев.

Последнопласираниот Карбинци на домашен терен беше прегазен со 1:4 од тимот на Слога. Работник Џумајлија со 2:1 славеше на домашен терен над тимот на Баби од Штип.

Напредок Здравје Радово одигра нерешено 1:1 со Каменица Саса.

Моменталната состојба на табелата е следна: Академија Пандев е на првото место со 38 освоени бодови, два бода помалку има второпласираната Плачковица, третопласиран е тимот на Беласица со 29 бодови.

TMFL - Istok - 14 kolo

На долниот дел од на табелата ја имаме следната состојба: Карбинци е последнопласиран со само 3 освоени бодови, место погоре е Каменица Саса со 4 освоени бодови, додека на делба на деветото место се Слоба и Баби со по 10 освоени бодови.

Двојките за следното 15. коло се: Академија Пандев – Брегалница Голак, Беласица – Напредок Здравје Радово, Каменица Саса – Работник Џумајлија, Баби – Овче Поле, Плачковица – Карбинци и Слога – Осогово.

Comments are closed.