Струмичките пожарникари со 13 интервенции во изминатата недела

Струмичките пожарникари имале 13 интервенции во градот и населените места во периодот од 21 март до 27март.
fire-12-1-640x406

Во овој период, струмичките пожарникари учествувале во гаснење на опожарено огревно дрво во подрумски простории на семејна куќа во с. Секирник, гаснеле запален оџак од индивидуална семејна куќа на улица Младинска, гаснеле опожарени пластеници со насад на ул. Цветан Димов, како и запален отпаден материјал на булеварот Маршал Тито, гаснеле запален дел од куќна ел. инсталација како и  запален ел. уред од угостителски објект во градот. Исто така на три локации во Струмица струмичките пожарникари интервенирале во гаснење на запален оџак од колективна станбена зграда, а технички интервенирале при отварање на заклучен стан како и при сообраќајна незгода на две моторни возила во атарот на село Самоилово.

Со брзата и навремена интервенција на ТППЕ – Струмица спречени се штети од поголем размер.

Comments are closed.