Турново гостува кај Металург во недела

Турново во недела во рамки на 24. коло од ПМФЛ гостува кај Металург. Турново во недела на гостински терен ќе атакува на победа со што би се искачиле на шестото место во случај на пораз или реми на Ренова во натпреварот против Силекс во Кратово.

Кога станува збор за меѓусебните дуели овие две екипи во рамките на ПМФЛ и Купот на Македонија од 2008 година навака, имаат одиграно 26 натпревари, 4 победи има Турново, 10 победи има Металург, додека на 12 натпревари немало победник.

На последните 5 натпревари Турново има три порази, едно реми и една победа, додека Металург последните 5 натпревари ги има загубено.

Турново во моментов е на седмата позиција на табелата со 24 бодови, додека Металург е последнопласиран со 13 освоени бодови.

Останатите двојки за следното коло се: Царев Двор – Брегалница, Работнички – Шкендија, Шкупи – Вардар и Силекс – Ренова.

PMFL - 23 kolo tabela

На табелата Шампионот Вардар и понатаму е на првото место со 58 бодови, 5 бода помалку има второпласираната Шкендија, додека на делба на третото место се Шкупи и Силекс со по 34 бода. На дното од табелата и понатаму останува Металург со 13 бода, Царев Двор со 16 бода е на деветото место, додека штипска Брегалница е на осмото место со вкупно 23 бода.

Александар Ванев

Comments are closed.