На 23.03.2016 година во 19.20 часот во Струмица на булевар „Маршал Тито“ се случила сообраќајна незгода во која З.А. (30) од с. Дравош, управувајќи моторно возило „Лада Рива“ со струмички регистарски ознаки, удрил во пешакот П.Е. (70) од Струмица.
Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди. Истиот е пренесен и задржан на лекување во Медицински центар Струмица. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР-Струмица.