На 23.03.2016 година во 18.10 часот на магистралниот пат Струмица – граничен премин „Ново Село“ се случила сообраќајна незгода во која К.М. (20) од Струмица, управувајќи ПМВ „Опел Зафира“ со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и удрил во задниот дел од паркирано „Југо“ со струмички регистарски ознаки, паркирано од Д.Т. (47) од с.Самоилово.
Во незгодата сопатникот од возилото марка „Југо“ Љ.Т. (59) од с.Самоилово се здобила со тешки телесни повреди. Истата е пренесена и задржана на лекување во Медицински центар Струмица. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР-Струмица. Во периодот од 19.10 до 19.40 часот, за време на вршење на увидот, сообраќајот бил во прекин.