Здружението „НОВУС“ ќе имплементира проект за афирмирање на алтернативните казнени мерки

Здружението „НОВУС“ ќе започне со реализација на  проектот „Анализа на состојбата на имплементацијата на системот на алтернативни мерки во Основен суд Струмица“.

Лого (1)Интересот за оваа проблематика е поттикнат од алармантните состојби во затворите во вклучувајќи го и затворот во Струмица, каде како генерални проблеми се издвојуваат пренатрупаноста, тортурата, нехуманиот и деградирачкиот пристап кон затворениците, непристојни материјални услови, отсуство на било каков режим, непрофесионално менаџирање, несоодветна здравствена заштита и недостаток на контрола и надзор. – велат од Здружението „НОВУС“

Ваквата состојба генерално секоја година е нотирана воизвещтаите на Европската комисија за напредокот на РепубликаМакедпнија, во Поглавјето 23 – правосудство и темелни права, воделот на темелните права.

Основна цел на овој проект ќе биде анализа на состојбата на имплементацијата на видовите на алтернативните мерки во Основен суд  Струмица. За добивање реална слика, ќе се направи и анализа на работата на судот во процесот на имплементација на алтернативните мерки како и ставовите на стручната јавност за потребата и практичната примена на алтнернативните мерки.- велат од Здружението „НОВУС“

Алтернативните мерки како општоприфатени санкции во повеќето современи казнено-правни системи, се израз на тенденција за рестриктивна примена на казната затвор и за третманот и реинтеграцијата на сторителите надвор од затворот.

Comments are closed.