Градоначалникот Заев упати честитка до Младинскиот совет по повод осумгодишнината од неговото постоење

Младинскиот совет одбележа осум години од своето успешно постоење и работење. Во име на осумгодишната континуирана соработка и реализирани поголем број заеднички проекти, градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев, им го честита роденденот на сите членови на Младинскиот совет.509_955868974466533_4581699688524559667_n

Почитувани членови на Младинскиот совет,

Веќе осум години младешкиот дух во Струмица успешно ги поместува границите на остварување идеи, вешто ги потхранува подзаборавените човечки вредности и нè учи дека здружувањето на силите секогаш вродува со поголеми резултати. Вашата ведрина и ентузијазам од година во година инспирираат се поголем број млади да бидат активни чинители во градењето на општина по мерка на младите.
Ме радува тоа што не само визионерското основање на Младинскиот совет на општина Струмица, туку и растењето на оваа оранизација се позитивен пример и вистински поттик младинското здружување да стане сè поголем тренд во повеќето општини во нашата земја.

Изминативе осум години од вашето постоење истрајно спојувавте различни возрасни групи, промовиравте квалитет, поттикнувавте информираност на вашите врсници, но и нè учевте нас повозрасните на хуманост и човечност. Сето тоа време ве красеше коректниот и професионален пристап и одлична соработка со општина Струмица, сите општински и релевантни институции, воспитно-образовни установи и други невладини организации. Искрено се надевам дека таа соработка ќе продолжи и во наредниот период.

За овој роденден ви посакувам да ве следат уште посилна креативност, силен порив, упорност и енергија за остварување на вашите идеи кои ни носат уникатна свежина во социјалниот, културно-уметничкиот и забавен живот во нашиот град.

Comments are closed.