Проекција на оскаровецот ПОД ЛУПА во НУЦК „Антон Панов“ – Струмица

Утревечер (четврток, 24 март) со почеток во 19,30 час. во НУЦК „Антон Панов” ќе биде прикажан долгометражниот игран филм ПОД ЛУПА (Spotlight), добитник на наградата Оскар за најдобар филм оваа година.

SPOTLIGHT-B1_MKФилмот е заснован на вистинска приказна од 2002 година, кога тимот на бунтовниот новинар на Бостон Глоуб почнува да ги истражува наводите за злоставување деца во католичката црква. Нивното долготрајно истражување открива децении прикривања на највисоките нивоа од верскиот, правниот и државниот систем. Тие го придвижија бранот револуции во целиот свет.

Филмот доби шест номинации за Оскар – за најдобар филм, за најдобра режија (Томас Меккарти), за споредна машка улога (Марк Рафало), за споредна актерка (Рејчел Мекадамс), за монтажа и за оригинално сценарио.

Comments are closed.