Струмичките пожарникари имале 12 интервенции во градот и населените места во периодот од 14 март до 20 март.
Во овој период, струмичките пожарникари учествувале во гаснење на опожарен виљушкар, гаснење на запален отпаден материјал на повеќе локации во градот и неколку населени места, гаснење на запалена сува трева , капини и трска, а технички се интервенирало во црпење на вода од поплавени површини на две места во с.Робово.
Со брзата и навремена интервенција на ТППЕ – Струмица спречени се штети од поголем размер.