Се уредуваат парковите во пет населени места

Градоначалникот Зоран Заев и општина Струмица и годинава продолжија со подобрувањето на животот во населените места. Во тек е реализацијата на проектот за уредување на парковите во пет населени места. По уредувањето на паркот во Свидовица овој градежен зафат во полн ек е во населеното место Просениково.

DSC_2982-Со уредувањето на овој парк, жителите на Просениково ќе можат да уживаат во поставените клупи, во новата тревна површина и засаденото сезонско цвеќе, а ќе бидат поставени и канти за отпад и канделабри. Целокупниот проект значи преуредување на парковите во пет населени места, досега е завршен паркот во селото Свидовица, а по Просениково ќе се уредуваат и парковите во Муртино, Костурино и Куклиш.DSC_2985

Овој проект чини над три милиони денари обезбедени од буџетот на општина Струмица. Општина Струмица, Советот и Градоначалникот, продолжуваат со напорите за подобрување на животот на граѓаните во населените места и на целата територија на општина Струмица, рече Панче Беџовски советник за план и анализа во Одделението за ЛЕР на општина Струмица.

Comments are closed.