Со едночасовно затемнување на плоштадот општина Струмица се вклучи во акцијата „Часот на планетата земја“

Со исклучувањето на осветлувањето на плоштадот „Гоце Делчев“, општина Струмица синоќа се вклучи во најголемата волонтерска акција за спас на планетата земја „Часот на планетата земја“. 1479372_953548164698614_3312643539789443621_nЗатемнувањето беше извршено во периодот од 20,30 до 21,30, а волонтерите на општинската организација на Црвениот крст испратија порака за спас на планетата преку поттикнување на глобалната заедница за споделување можности и предизвици за создавање одржлив свет.
Оваа глобално еколошко движење кое годинава се оддржа под мотото „Заблескај светлина на климатските промени“ е поддржано од Обединетите нации и во него се вклучија над 170 земји.10391627_953548084698622_2318615373000062638_n

Comments are closed.