Кривична пријава за двајца разбојници од Струмица

СВР Струмица поднесе кривична пријава против А.Д. (28) и Т.А. (33), двајцата од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“.

Пријавените на 11.03.2016 година околу 22.00 часот пред угостителски објект физички го нападнале и ограбиле Д.А. (29) од с.Хамзали. Во моментот кога оштетениот излегувал од угостителскиот објект му пришле пријавените и почнале да го удираат со тупаници. Кога паднал на земја му одзеле мобилен телефон и 9.000 денари. После тоа пријавените побегнале од местото на настанот.krivicna2

Comments are closed.