Багерист откинал оптички кабел на Телеком, зааработи кривична

СВР Струмица поднесе кривична пријава против лицето М.Т. (36) од с.Подмол, прилепско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „уништување или оштетување на јавни инсталации“.

На 24.02.2016 година околу 21.30 часот во с.Сачево, пријавениот со багер вршел работни задачи – чистење на одводен „ моноспитовски канал“ и притоа оштетил необележан локален оптички кабел со 24 влакна, поставен помеѓу Струмица и Муртино, сопственост на „Македонски телеком“.  Наредниот ден одговорно лице од „Македонски телеком“ го пријавило настанот, по што било стапено во контакт со пријавениот , кој потврдил дека критичното време со багер го оштетил оптичкиот кабел.

Comments are closed.