Две лица од Градошорци заработија кривична пријава за измама

СВР Струмица поднесе кривична пријава против С.И. (24) и седумнаесетгодишник, двајцата од с.Градашорци, општина Василево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. Првопријавениот со помош од второпријавениот успеал, со лажно преставување, да одземе миксета(сопственост на музичарот Б.С.) од угостителски објект сопственост на К.Р.  Истиот од телефон на малолетникот се јавил кај сопственикот на објектот и лажно се претставил дека е лицето Б.С. и го известил дека ќе прати дете да ја земе миксетата.

Со тоа оштетениот бил доведен во заблуда дека миксетата ја бара сопственикот, музичарот Б.С.  После тоа пријавениот ја продал миксетата на друг музичар во Штип, кој не бил запознаен дека потекнува од кривично дело. Двајцата пријавени во разговор со полициски службеници го признале делото.

Comments are closed.