Струмичанец физички ја нападнал својата поранешна сопруга

СВР Струмица поднесе кривична пријава против Д.М. (32) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“ при семејно насилство. Пријавениот на 23.02.2016 година околу 22.00 часот вербално и физички ја нападнал својата поранешна сопруга Л.М.  Додека истата била во централа на радио такси компанија влегол пријавениот ја удрил во пределот на грбот, упатувајќи и вербални закани дека ќе и ги земе децата. По настанот, пријавениот Д.М. го напуштил местото на настанот.

Comments are closed.