Општинскиот штаб за заштита и спасување ги утврди мерките за санирање на штетите од дождот

Во присуство на претставници од Општина Струмица, раководни лица од Дирекцијата за заштита и спасување и Регионалниот центар за управување со кризи, како и претставници од ЈПКД „Комуналец“, денес Општинскиот штаб за заштита и спасување при Општина Струмица одржа состанок по пријава на граѓани за предизвикани штети од обилните врнежи од дожд.opstina-strumica
По претходно извршениот увид на три локации во градот каде што се констатирани одрони на земјиште, на денешниот состанок беа утврдени неопходните мерки и активности за надминување на состојбата на овие локации.

Comments are closed.