Турново загуби од Брегалница

Фудбалерите на Турново претрпеа пораз од Брегалница (2:0) во 22. коло од ПМФЛ. Наумов во 45. минута од натпреварот погоди за водство на Брегалница.

Во вториот дел од натпреварот, домаќините ја зголемија претноста на 2:0, откако Велинов во 63. минута од натпреварот погоди за 2:0, со што тоа беше и конечниот резултат.

По овој пораз, Турново сега се сели на осмата позиција со 21 бод, додека штипска Брегалница по победата сега се наоѓа на 6-тото место со 23 бода.

Во следното коло кое што е закажно за 20 март, Турново на домашен терен го пречекува тимот на Царев Двор, кој што моментално е пласиран на 16-тото место.

PMFL - 22 kolo tabela

Состојбата на табелата е следна: Шампионот Вардар е прв на табелата со 55 бода, второпласирана е Шкендија со 50 бода, додека на третото место е Шкупи со 34 бода. На долниот дел од табелата е Металург со 13 бода, на деветото место е Царев Двор со 16 бода.

Двојките за следното 23. коло се следни:

Ренова – Брегалница, Шкендија – Шкупи, Силекс – Работнички, Турново – Царев Двор, Вардар – Металур

Александар Ванев

Comments are closed.