Струмичките пожарникари имале 4 интервенции во градот во периодот од 07 –13 март.
Пожарникаритe гаснеле запален отпаден материјал на плоштад Народна Револуција и запален отпаден материјал на улицата Маршал Тито, како и превентивно делувале на потенцијално опожарување од плински уред на улицата Славчо Стојменски. Исто така, пожарникарите и технички интервенирале во извлекување на заглавено возило.
Со брзата и навремена интервенција на ТППЕ – Струмица спречени се штети од поголем размер.