Изминатата недела на територијата на општина Струмица се случиле 11 кражби каде објект на напад биле :
куќа, објект, нива, возило, подрум, двор, а предмет на напад биле златен накит, бакарен казан , кали, акумулатор,радиокасетофон, велосипед, полиетиленско платно, правосмукалка, мобилен телефон, музички касетофон, евра, златен накит. – пишува во неделниот билтен на СВР Струмица.
Во овој период поради неприлагодена брзина, возење под дејство на алкохол се случиле и 5 сообраќајни незгоди каде што две лица биле потешко повредени. Причинета е материјална штета во висина од 4400000 денари.
Јавниот ред и мир бил нарушен четири пати со пријавени физички напади – пишува во неделниот билтен на СВР Струмица.