Уште едно прекрасно карневалско издание полно со убаво изработени маски во многу бои беше презентирано минатата ноќ во Струмица.
Во интернационалната карневалска поворка продефилираа 41 карневалски групи од градот домаќин, но и од другите градови во Македонија и групи од Србија, Црна Гора, Бугаријам Турција и др.
Разновидните маски во кои се вложени многу труд и љубов, а се подготвуваа со месеци ги воодушевија и домаќините и многубројните гости кои дојдоа за да бидат дел од најголемата забава под маски во државата иако времето беше врнежливо.