Граѓанска и меѓународна поддршка на политиките на пријателства и мостови на градоначалникот Зоран Заев

Со детскиот карневал денеска во чест на Прочка, општина Струмица ја продолжи реализацијата на 25–от традиционален Струмички карневал во организирана форма што завршува во среда со одбележување на празникот Тримери.

Zaev, Karneval4Главната вечер на Карневалот, синоќа, се одржа во величествена атмосфера на размена на традиционални и културни вредности од земјава, но и во регионални и светски рамки.

Од Струмица излегоа моќни позитивни и мотивирачки пораки дека и различностите имаат заедничка точка во којашто нивната вредност станува уште поголема.

Струмица синоќа беше тој центар, благодарение на политиките на пријателства во Македонија, регионот и светот, што 12 година по ред, успешно ги гради градоначалникот на Струмица и претседател на СДСМ, Зоран Заев.Zaev, Karneval2 Zaev, Karneval1

Тие политики на отвореност и подадена рака за соработка што ги практикува и негува градоначалникот и претседател на СДСМ, Заев, синоќа ја исправија Струмица рамо до рамо со достоинствените европски и светски центри и преку еден од најстабилните мостови, културата, ја ставија Македонија во европското и светското семејство, каде што на нашата држава и е одамна местото.Zaev, Karneval1

На Карневалот во Струмица учествуваа карневалски групи од Македонија, но и од Холандија, Франција, Италија, Турција, Бугарија, Албанија, Хрватска, Црна Гора, Србија, дури и од далечната Аруба.

Карневалот го следеа стотици присутни граѓани од цела Македонија, меѓу кои и амбасадори и претставници на десетина дипломатски претставништва во Република Македонија.Zaev, diplomati3

Ова го цениме како силна поддршка на обединувачките политики на градоначалникот на Струмица Зоран Заев.

Благодариме на сите кои со своето присуство секоја година се побројно ја збогатуваат традионална струмичка карневалска манифестација.Zaev, diplomati2 Zaev, diplomati1 Zaev, diplomati4

Comments are closed.