Со вечерашниот детски маскенбал започнуваат седумдневните карневалски денови во Струмица

Од вечерва започнува најголемата и најмасовната манифестација, најголемиот белег на градот под Царевите кули, струмичкиот карневал 2016. Честа први да ја почувствуваат карневалската магија, ја имаат најмладите со вечерашниот детски маскенбал кој што ќе се одржи во хотелот „St.George“.

12814319_947106268676137_1218549636609573692_n
Богатата карневалска програма продолжува утре во 12 часот во библиотеката „Благој Јанков Мучето“ каде ќе бидат објавени резултатите од конкурсот за најдобри остварувања на тема карневал. Во 19 часот во центарот за култура „Антон Панов“ ќе биде отворена изложба на фотографии од карневалот 2015, еден час подоцна ќе се одржи концертот под маски на музичкото училиште „Боро Џони“.

12821578_947106322009465_1781427911110261047_n
Свеченото отворање на овогодишното издание на карневалот ќе биде в петок во 20,30 часот кога во хотелот „Сириус“ ќе се одржи традиционалниот маскенбал на кој што ќе бидат избрани принцот и принцезата на карневалот. Главната интернационална карневалска вечер ќе се одржи в сабота (12.03.2016г.) кога се очекува во главната карневалска поворка да продефилираат над 2.000 маскирани луѓе, меѓу кои 15 карневалски групи од странство.
Организациониот одбор нуди богата програма и до 16 март (среда) кога завршува карневалот со одбележување на тримерските обичаи.

Comments are closed.