Во Февруари биле решени 203 проблеми на граѓаните преку „Систем 48“

До општинскиот сервис „Систем 48“ во текот на  месец февруари биле доставени вкупно 213 пријави од граѓаните за проблеми од неколку области. Од нив решени се 203, а останатите 10 пријави се во процес на решавање, бидејќи за истите е потребно повеќе време од вообичаеното 48 часа.

sistem48-640x233Најголем број од доставените пријави се од областа на уличното осветлување 130, од областа на собирање смет 14, водовод и канализација 9 и 27 од паркови и зеленило.

Од „Систем 48“ им се заблагодаруваат на граѓаните за довербата и апелираат за навремено пријавување на проблемите на бесплатниот телефонски број 080014848, за да може службите навремено да интервенираат и истите да ги решаваат во определениот рок од 48 часа.

Comments are closed.