Турново по ремито со Ренова на седмото место во 1.МФЛ

Ренова и Турново ремизираат на градскиот стадион во Тетово, играјќи 1:1. Пандев во 51. минута го доведе Турново во водство. Ренова преку Мишковски во 82. минута од натпреварот израмни на 1:1.

Турновци по ремито со Ренова остануваат на делба на шестото место токму со Ренова со по 21 бод.

Во следното коло кое што е закажано за 13. март Турново гостува кај Брегалница. Со евентуална победа Турновци би имале предност од 4 бода во однос на Брегалница, во случај на пораз, тогаш штипскиот клуб ќе има преднос два бода во однос на Турново.

PMFL - 21 kolo tabela

Вардар денес ја декласираше Брегалница со 4:0, со што моментално има предност од 8 бода во однос на второ пласираната Шкендија, која утре го игра прекинатиот натпревар кој ќе се игра одново со Царев Двор. Силекс е трето пласиран со 33 бода.

На долниот дел од табелата е Металург со 13 бода, Царев Двор моментално има 16 бода и се наоѓа на 9-тото, штипска Брегалница со 20 бода е на осмата позиција.

Колото се комплети утре со натпреварот помеѓу Шкендија и Царев Двор.

Александар Ванев

Comments are closed.