Изминатата недела на територијата на општина Струмица се случиле 11 кражби каде објект на напад биле : ЕВН, ТМВ, возило, објект, ненаселена куќа,стан, двор, казино, а предмет на напад биле електрична енергија, акумулатор, нафта, мини електричен шпорет, телевизор, восок за пити, сандук со пчели, метален чекан, денари,златен накит, швајц апарати, бормашина, мобилен телефон, велосипед и новчаник. – пишува во неделниот билтен на СВР Струмица.
Во овој период поради неприлагодена брзина, возење под дејство на алкохол се случиле и 6 сообраќајни незгоди каде што едно лице е потешко повредено додека едно лице поминало само со помали телесни повреди. Причинета е материјална штета во висина од 281000 денари.
Јавниот ред и мир бил нарушен пет пати со пријавени физички напади – пишува во неделниот билтен на СВР Струмица.