Осми март – Меѓународниот ден на жената

Меѓународниот ден на жената – Осми март се одбележува секоја година на истоимениот датум. Неговото суштинско значење е во борбата на жената за остварување на своите права: право на еднаквост и рамноправност со мажот во семејството и општеството како и право на глас.

За да го постигнат овој статус, жените во изминативе векови воделе долга и макотрпна борба. Таа борба за еднакви можности била темелна, револуционерна и прераснала во цело движење за правото на глас. Во ова движење се издвојува името на Клара Цеткин, која, меѓу другото, го започнала првиот ,,Меѓународен ден на жената”. Заедно со Роза Луксембург активно се инволвирале да издејствуваат победа над тогашните политички, економски и социјални ставови и предрасуди за жените.8-mart-630x472

Такви ставови биле и самите дискусии за тоа каде ѝ припаѓа местото на жената во општеството; каква поврзаност има домаќинка со политика… Малкумина биле оние што сфаќале дека местото на жената не е само во домот. Жените, пак, од работничката класа ја работеле истата работа како и мажите, а биле помалку платени и без право на глас. Овие и сите други неповолни услови довеле до масовни демострации на жените, протести и борба за нивните права.

Се издвојуваат и имињата на Александра Колонтај и Јуџин Дебс. Тие и многу други ја подигнале свеста за третирањето на жените во сферите на едно семејство и општество. Земјите една по една почнале да прифаќаат дека е апсолутно неопходно жените да добијат рамноправност и право на глас. Правото на гласање за жената е воведено во меѓународното право во 1948 година, кога ОН ја усвои Универзалната декларација за човекови права.7f00556b5f55795d4d5b62e010be1198

Денес, жената е застапена во речиси сите професии и за неа, секој ден е нејзин празник зашто нејзината потврдена улога во семејството и општеството е незаменлива. Затоа таа треба да биде рамноправно третирана (посебно од посилниот пол) секој ден од годината.

Comments are closed.