Двајца гробари од струмичките гробишта заработија кривични пријави – одземале накит од починати

СВР Струмица поднесе кривична пријава против Р.Т. (36) од Струмица и Г.П. (47) од Штип, со привремен престој во Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „сквернавење на умрен“.

Како што пишува во дневниот билтен на МВР, пријавените во текот на 2015 година, вработени како гробари во погребален оператор во Струмица, одземале златен накит  при изведување работни задачи. Имено, пријавените при ископи на стари гробови поради закоп на други починати лица  го одземале накитот кои го пронаоѓале, а потоа го продавале на неколку златари во Струмица.

11800329_851908691529229_7131255312906875816_nПри претрес во домот на пријавените биле пронајдени и со Потврда за одземени предмети одземени се две откупни белешки за откуп на злато од златара. Во разговор со полициски служебници пријавените ги посочиле гробовите од каде го одземале златото.

Comments are closed.