MAMA’S – добитник на наградата на столетието за развој на идеи, иновации и инвестиции во регионот

Брендот МАМА’С е добитник на меѓународната награда „Креатори на столетието“ за развој на идеи, иновации и инвестиции во бизнисот.
Во конкуренција за годинешната награда „Креатори за столетиeтo“ учествуваa 214 кандидати од од девет земји (Босна и Херцеговина, Бугарија, Црна Гора, Хрватска , Косово, Македонија, Германија, Словенија и Србија). За доделувањето на наградата одлучуваше меѓународен комитет од 12 членови, составен од независни експерти од областа на економијата, менаџментот, маркетингот и претприемништвото од 5 земји: Хрватска, Словенија, Србија, БиХ и Македонија.12779218_1149840975026554_6194182195571853984_o
„Како бренд кој ја претставува македонската, но и балканската кујна, наградата за Креатори на столетието која МАМА’С ја доби е само дополнителна потврда дека сме на прав пат со развојот на иновативните идеи и инвестиции во регионот. Сепак, да добиете награда каде се номинирани и други брендови од 10 земји, не само што е големо задоволство туку и голема обврска за нас дека она што до сега сме го направиле е супер, но и поттик да бидеме подобри. Оваа награда доаѓа како дополнување на бројот на конзументи кој од година во година расте, но и бројот на земји каде производите на МАМА’С брендот може да се најдат – истакна Калин Бабушку, бренд менаџер на МАМА’С.mamasajvar
Престижната награда која ја добиваат најзаслужните за развојот на претприемништвото во Централна и Југоисточна Европа беше доделена во рамките на самитот на претприемачите од регионот – „300 Најдобри“, што се одржа во Дубровник, Република Хрватска. Самитот на едно место ги собра најистакнатите бизнис лидери, претставниците на деловните здруженија, на граѓанскиот сектор, академската заедница и на државните институции во регионот, со цел да ги трасираат идните патишта и перспективи за економскиот и општествениот развој на Централна и Југоисточна Европа.

Comments are closed.