Затвореник во бегство од струмичкиот затвор украл две телиња од штала

СВР Струмица поднесе кривична пријава против С.С. (28) од Радовиш поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“.zatvor-2 Како што пишува во дневниот билтен на МВР, пријавениот, кој бил во бегство  од затвор Струмица, на м.в. Рудникот од говедарник, сопственост на Т.К., извршил кражба на две телиња од сортата „буша“ и со тоа го оштетил за сума од 24.000 денари.

Comments are closed.