Одржан инфо ден за финансиска поддршка на НВО секторот во општина Струмица

Општина Струмица преку Одделението за локален економски развој, а со поддршка на Центарот на заедницата, го реализираше најавениот инфо ден за доделување финансиска поддршка за програми и проекти на здруженија и фондации, предвидена во Програмата и Буџетот за 2016 година.

12495238_942982859088478_8432610184658590788_n
Целта на овој инфо ден беше, Општина Струмица на транспарентен начин да им ја долови Методологијата за доделување грантови на потенцијалните корисници, усвоена од Советот на општина Струмица, при што на претставниците од НВО – секторот им беа објаснети правилата и критериумите за доделување на предвидените средства од финансиската поддршка за програми и проекти.Деновиве од страна на градоначалникот, преку Оделението за Локален економски развој, на веб страницата на Општина Струмица и преку медиумите, ќе бидат објавени јавните повици за распределба на средствата од општинскиот Буџет за 2016 година, кои се однесуваат на програмите „G1 – Трансфер до НВО“ и „V2 – Социјална заштита – Трансфер до НВО“ .12794452_942982879088476_3509962929555500928_n 12805717_942982875755143_81327356854027471_n

Comments are closed.