Општина Струмица објавува ЈАВЕН ПОВИК за дотација на ТРЕНЕРИ од буџетот за 2016 година

Врз основа на член 50 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр. 5/02) и член 39 од Статутот на општина Струмица („Службен гласник на општина Струмица“ бр. 4/03, 2/06, 15/07, 2/10, 21/10 и 1/15), Градоначалникот на Општина Струмица објавува:

ЈАВЕН ПОВИК за дотација за тренери во спортските клубови

Со овој Јавен Повик за предвидува финансиска поддршка за 10 (десет) тренери во спортските здруженија и други правни лица во областа на спортот кои делуваат на територијата на Општина Струмица. Финансиската поддршка трае до крајот на тековната 2016-та година, односно 10 месеци.
Финансиската подршка е обезбедена во рамките на Буџетот на општина Струмица за 2016 година, во програмата за спорт (L0).
Право на учество имаат спортските здруженија и други правни лица во областа на СПОРТОТ од Општина Струмица кои настапуваат во организиран систем на натпреварување (првенство), и тоа:
– Фудбал: Прва, втора, трета лига и младински категории*
– Кошарка: Прва, Втора лига и младински категории*
– Одбојка: Прва лига и младински категории*
– Ракомет: Прва, втора лига и младински категории*
– Останати спортови: Прва лига, втора лига, младински категории*

* Кои настапуваат во организиран систем на натпреварување (првенство)

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ:
За спортските здруженија и други правни лица:
1. Клубот да е формиран на територијата на Општина Струмица (клубот доставува тековна состојба од Централен регистар на Република Македонија)
2. Потврда од соодветната федерација или сојуз за докажување на рангот на натпреварување. (1ва, 2-ра лига, младинска лига и тн)

За тренерите во спортските здруженија и други правни лица:

1. Тренерот кој аплицира да е невработен
(потврда од АВРМ дека не е во работен однос)
2. Фотокопија од лична карта
3. Потврда за завршено образование
4. CV и Мотивациско писмо

Рок и начин на доставување на пријавите
Крајниот рок за поднесување на пријавите е 07.03.2016 година (Петок) до 16 часот. Пријавата со целокупната документација треба да се достави преку пошта или лично на адреса:
Општина Струмица
Ул.„Сандо Масев“ Бр.1
2400,Струмица
или во архива на Општина Струмица

На пликот треба да стои „НЕ ОТВАРАЈ“ со назнака за LО (СПОРТ – ТРЕНЕР)
Напомена: Пријавите со непотполна документација или пристигнати по истекот на предвидениот рок нема да се разгледуваат.

Comments are closed.