Изминатата недела на територијата на општина Струмица се случиле 12 кражби каде објект на напад биле : Епродавница, двор, куќа, нива,тераса, а предмет на напад биле женски паричник, пластични маси и столови, компјутер, акумулатор, сандци со пчели, електричен кабел, златен накит, различен алат, евра и тепих. – пишува во неделниот билтен на СВР Струмица.
Во овој период поради неодржување на доволно растојание помеѓу возила во сообраќајот се случиле и 7 сообраќајни незгоди каде што три лица се телесно повредени, а имало и две лица загинато. Причинета е материјална штета во висина од 310000 денари.
Јавниот ред и мир бил нарушен три пати со пријавени физички напади – пишува во неделниот билтен на СВР Струмица.