На 4 места се гаснело пожар минатата недела во Струмица

Струмичките пожарникари имале 6 интервенции во градот и населените места во периодот од 22 –28 февруари.
fire-12-1-640x406

Во овој период, струмичките пожарникари учествувале во гаснење на опожарени простории во Завод за наркозависници, гаснење на запален отпаден материјал на улицата ,,Браќа Миладинови”, гаснење на запален оџак од индивидуална семејна куќа, гаснење на опожарена површина од трска како и превентивно делување на можно опожарување на стан од колективна станбена зграда. Тие во овој период имале и една техничка интервенција извлекување на повредени и загинати лица во тешка сообраќајна незгода   на магистралниот пат Струмица – Радовиш.

Со брзата и навремена интервенција на ТППЕ – Струмица спречени се штети од поголем размер.

Comments are closed.