Турново минимално загуби од Вардар

Шампионот Вардар денес во рамките на 20. коло со голот на Хамбарџумјан на гостински терен го победи Турново. Турновци по овој минимален пораз остануваат и понатаму на осмото место со 20 бодови, исто колку што имаат и шесто пласираната Брегалница и седмо пласираната Ренова.

Шкендија во чекор го следи Вардар. Фудбалерите на Шкендија денес славеа со високи 0:3 во гости кај Брегалница. Клубот од Тетово останува на негатива од 4 бода во однос на Шампионот Вардар кој е лидерската позиција со 49 бода.

Кратовски Силекс на гостински теренски терен со минимални 0:1 славеше над Царед Двор.

Работнички во гости го победи Металург со 1:2.

Шкупи минимално со 1:0 на домашен терен славеше над Ренова.

На табелата и понатаму Вардар останува на лидерската позиција со 49 бода, пет помалку има второ пласираната Шкендија, додека на делба на третата позиција со по 30 бодови се наоѓат Работнички, Шкупи и Силекс.

PMFL - 20 kolo tabela

На делба на шестата позиција со по 20 бодови се наоѓаат екипите на Брегалница, Ренова и Турново. Царев Двор со 16 бодови е на деветото место, додека на последното десето место е Металург со 13 освоени бодови.

Двојките за следното 21. коло се следни:

Работнички – Шкупи, Ренова – Турново, Шкендија – Царев Двор, Силекс – Металург, Вардар – Брегалница

Александар Ванев

Comments are closed.