В недела „Комуналец“ ќе спроведе акција за вонредно собирање отпад од гранки и треви

В недела (28.02.2016г.) од 8 до 16 часот Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ ќе спроведе акција за вонредно собирање отпад од гранки и треви од дворните места на граѓаните од градот.oo_komunalec

За таа цел се повикуваат граѓаните кои што имаат таков вид на отпад да го изнесат пред нивните куќи и да се јават на дежурниот телефонски број 034 325 909  за да можат екипите на „Комуналец“ да го подигнат.

Во оваа акција нема да се собираат стар мебел, расипани апарати од бела техника и градежен шут.

Comments are closed.