В понеделник ќе се одржи инфо ден за доделување финансиска поддршка на НВО секторот во општина Струмица

Општина Струмица ја започнува процедурата за распределба на финансиски средства по проекти и програми на здруженија на граѓани и фондации на територијата на општина Струмица за 2016 година.

Како транспарентна и отчетна пред своите граѓани, општина  Струмица,  преку  Одделението  за  локален економски развој,  а  со  поддршка  на  Центарот  на заединцата,  на  29.02.2016 година  (понеделник) со  почеток  во  12:00  часот  во малата  сала  (поранешна сала  на  Совет  на  општина Струмица) во  Дом  на  АРМ  Струмица организира  инфо-ден за  доделување на  финансиска  поддршка на  програми и  проекти на здруженија и  фондации од  буџетот на  општина Струмица.  Целта на инфо-денот е општина Струмица на транспарентен начин да ја доближи Методологијата за доделување на грантови за 2016  година,  усвоена од  Советот на  општина Струмица, заради  појаснување на правилата и критериумите за доделувањето на финасиска поддршка на проекти и програми за здруженија и фондации на територија на општина Струмица.

10408803_719859391441829_8253422096770456749_n

Јавните повици  за распределба на средства планирани од Буџетот на Општината за 2016 година од ставките „G1  – Трансфер до НВО“ и „V2 –  Социјална заштита – Трансфер до НВО“,  кои се наменети за поддршка на проекти и програми на здруженија и фондации, ќе   бидат  објавен и идната недела  од страна на Градоначалникот,  преку Одделението за ЛЕР, на веб страницата на Општината и во средствата за јавно информирање .

На средбата  ќе бидат избрани член и заменик-член од претставниците на здруженија и фондации  во  Комисијата  за  јавни  повици,  која  ќе  ги  разгледува  апликациите за  предлог проектите/програмите на здруженијата и фондациите и која ќе ги избира проектите/програмите кои се предложени.

Comments are closed.