Во Струмица се случиле 12 кражби и 4 сообраќајни незгоди во изминатата седмица

Изминатата недела на територијата на општина Струмица се случиле 12 кражби каде објект на напад биле : ЕВН, куќа, возило, подрум, нива, а предмет на напад биле апарати за домаќинство, електрична енергија,  акумулатор, стари предмети, златен наќит, бетонски столбови, велосипед, кози, јаре – пишува во неделниот билтен на СВР Струмица.

policija-soobrakajka-630x3202

Во овој период поради неодржување на доволно растојание помеѓу возила во сообраќајот се случиле и 4 сообраќајни незгоди каде  што никој од учесниците во незгодите не се здобил со телесни повреди. Причинета е материјална штета во висина од 170000 денари.

Јавниот ред и мир бил нарушен  шест пати со пријавени физички напади – пишува во неделниот билтен на СВР Струмица.

Comments are closed.