Проекција на МЕДЕНА НОЌ во Струмица

Утревечер (23 февруари), со почеток во 19,30 часот, во НУЦК „Антон Панов” во Струмица ќе биде прикажан долгометражниот игран филм МЕДЕНА НОЌ во режија на Иво Трајков. Приказната е инспирирана од новелата “Уво” на Јан Прохаска, еден од најдобрите сценаристи во историјата на чешката кинематографија. Главните улоги ги толкуваат актерите Никола Ристановски и Верица Недеска, а филмот е во продукција на „Кавал филм”.medena_nok

Comments are closed.