Турновци со пораз го започнаа вториот дел од сезоната. Денес во рамките на 19. коло во ПМФЛ загубија со сигурен резултат од 2:0.
Домаќините резултатот го отворија преку Радески во 37. минута од натпреварот. Во вториот дел, Радески ја искористи можноста и повторно ја затресе противничката мрежа во 53. минута со што ги постави и конечните 2:0.
Турново по поразот од Шкендија сега се наоѓа на осмото место со 20 бодови, исто колку што има и седмо пласираната Ренова и шесто пласираната Брегалница. Тимот на Шкендија останува и понатаму на второто место со 41 бод и негатива од 5 бода во однос на Вардар, кој што е на првата позиција.
Натпреварот се одигра на градскиот стадион во Тетово.
Во следното коло кое што е закажано за 28 февруари Турново има повторно тежок натпревар, овој пат на домашен терен го пречекува шампионот и лидерот на табелата Вардар.
Резултати 19. коло:
Работнички 2:1 Царев Двор
Вардар 4:1 Ренова
Силекс 2:2 Брегалница
Шкупи 1:0 Металург
Шкендија 2:0 Турново
Александар Ванев