Се интензивираат работните активности за карневалот 2016

Организациониот одбор на струмичкиот карневал ги интензивира работните активности со единствена цел и оваа година да понуди незаборавно карневалско доживување. 12717799_937599472960150_3438498271064393346_nСиноќа во домот на АРМ се одржа работен состанок со претставниците на карневалските групи. На состанокот се договараше трасата, стартните позиции на карневалската поворка, сценскиот настап, се детектираа можните проблеми и се разгледуваа можностите за нивно надминување, а се разговараше за зајакнување на соработката меѓу карневалските групи и организациониот одбор на карневалот.12742099_937599502960147_3957090108052254077_n

Карневалските празнувања ќе започнат на 9 март со детскиот маскенбал, а ќе завршат на 16 март со обичаите карактеристични за празникот Тримери. Главната интернационална карневалска вечер ќе се одржи на 12 март, а пријавувањето за учество во главната карневалска поворка е во тек и ќе трае до 4 март.12745466_937599469626817_2909712719564653038_n 12745627_937599462960151_644761967544315889_n

Comments are closed.